Тој е еден од најпопуларните домашни и природни сокови за одржување на младешкиот изглед.

Овој пијалок е познат како „сок на бесмртноста“, а многумина го нарекуваат и еликсир на младоста. Тој е еден од најпопуларните домашни и природни сокови за одржување на младоста, а главната состојка е грозјето. Содржи витамини А, Ц, Б витамини, калциум, калиум, магнезиум, фосфор и сулфур.


Помага за нормализирање на метаболизмот, го забрзува процесот на отстранување на токсините и го подобрува варењето, помага при слабеење, промовира губење на тежината.

Се смета дека е одличен за чистење, односно детоксикација на крвта и црниот дроб, а неговиот состав има одличен ефект врз убавината бидејќи содржи витамини и минерали кои позитивно влијаат на квалитетот на косата и ноктите, но и го намалуваат ризикот од појава на брчки.

Рецепт за сок од бесмртност

  • 2 гроздови бело грозје
  • 1 излупен портокал
  • едно парче лубеница, средна големина
  • свежо нане

Подготовка: Важно е сите наведени состојки да се од органско потекло. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете единствена каша. Можете исто така да додадете малку вода ако сакате сокот да биде потечен. Пијте чаша дневно помеѓу оброците како ужина.