Новоизбраната шведска премиерка Магдалена Андерсон, поднесе оставка денеска, само неколку часа откако беше назначена на функцијата, а причината за тоа се наведува дека е нејзиниот коалициски партнер, Партијата на зелените, која ја напушти владата.

Му кажав на претседателот на парламентот дека сакам да поднесам оставка како премиер, изјави Андерсон на прес-конференција.

Сепак, таа нагласи дека е подготвена повторно да се обиде да формира влада.

Интересно е тоа што Магдалена Андерсон стана првата жена назначена на позицијата премиер и поднесе оставка за помалку од 24 часа.