Синот на најдолговечната кралица Елизабета, 71-годишниот принц Чарлс, помина подолго време чекајќи да стане крал на Велика Британија од кој било друг наследник на круната во историјата на оваа држава.

Врз основа на добро информиран извор од кралскиот двор, списанието „Нова идеја“ во новото издание тврди дека Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер се уморни од чекање во ред за круната и дека имаат намера трајно да се преселат во Италија и круната да му ја препуштат на принцот Вилијам, еден ден кога кралицата Елизабета ќе умре или ќе си даде оставка.

Големата желба на Чарлс да живее во Италија беше откриена уште во 1995 година од неговата тогашна сопруга, принцезата Дајана, во интервју за „Њузвик“.

Нова идеја тврди дека Дијана во тоа интервју изјавила дека мисли дека Чарлс и неговата тогашна љубовница Камила ќе се откажат од престолот и ќе се преселат во Италија, наместо Чарлс да стане крал еден ден.

Таа откри како тој сака да поседува фарма во Тоскана и дека е подготвен да ја остави Дајана во Велика Британија за да го одгледува и подготвува самостојно Вилијам за улогата на крал. Споменат е и извор од дворот кој рече дека Дијана верувала дека Чарлс никогаш нема да стане крал.

Денес, 25 години подоцна, тврди Нова идеја, принцот Чарлс конечно реши да ја оствари својата долгогодишна желба. Ова, наводно, им го потврдил висок извор од кралскиот двор кој рекол дека Чарлс веќе бил толку фрустриран од чекањето, што станал уште пообземен од неговата страст кон градинарството и сметал дека Тоскана во Италија ќе биде идеално место за да се смири и да ги помине опуштено доцните години од својот живот со својата сакана. Камила.