Американскиот режисер Оливер Стоун прими руска вакцина против коронавирус и рече дека не разбира зошто се игнорира на Запад.

Јас ја примив вакцината пред неколку дена. Сè уште не знам колку е ефикасна руската вакцина, но имам слушнато многу позитивни реакции на тоа. Ќе мора да се вакцинирам уште еднаш, така што ќе треба повторно да дојдам, рече Стоун.

Тој изјави дека руската вакцина е корисна, пренесуваат руските медиуми

Не разбирам зошто го игнорираат тоа на Запад, печатот едноставно молчи за сите информации, рече Стоун за рускиот „Прв канал“.

Претходно беше објавено дека трикратниот добитник на „Оскар“ снима филм во нуклеарната централа Белојарск во регионот Свердловск.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против вирусот корона, што беше развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави денес дека ефикасноста на руската вакцина во тешки случаи на инфекција е дури 100 проценти.