Чичкото на Башар ал Асад, Претседатателот на Сирија, беше осуден во Париз на четири години затвор за перење пари

Тој беше осуден за проневера на државни фондови во Сирија за купување куќи и канцеларии во вредност од 90 милиони евра

82-годишниот Асад, поранешен потпретседател ја негираше вината, а адвокатите изјавија дека ќе поднесе жалба.

Неговиот имот во Париз и Лондон ќе биде одземен, соопшти судот. Неговиот имот во Лондон се проценува на 29 милиони евра.

Асад, кој беше хоспитализиран во декември поради внатрешно крварење, не беше присутен на казната, а малку е веројатно дека тој ќе ја издржи казната поради неговата возраст.

Чичкото на сирискиот претседател Башар ал Асад е поранешен воен командант и се смета дека е одговорен за задушување на исламистичко востание против тогашниот претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар, кога беа убиени илјадници луѓе.

Во 1984 година, Рифат се спротивстави на режимот, откако се бореше за наследникот на неговиот постар брат Хафез.

Денес тој живее во егзил во Франција и Велика Британија, а исто така му се суди во Шпанија под обвинение за перење пари.


Напишете коментар