Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ секогаш потенцираше колку е важно за неа нејзините деца да завршат факултет, а нејзиниот син Веjко дипломира непосредно пред бракот.

Сепак, во последното интервју, боксерот истакнува дека на факултет отишол најмногу поради неговата мајка.

  • Завршив Факултет за деловна економија во Бања Лука. Не сум за тоа, но сакав да докажам дека можам. Не ме интересира економија, никогаш не можев да се замислам во костум, како банкар. Ма, сигурно ќе полудев! – изјави Веjко за „Хит Информер“.