Сподели

Бекот на Њу Орлеанс Пеликанс, Џеј Џеј Редик одговори на скандалозната изјава на претседателот на САД, Доналд Трамп кој вели дека се додека кошаркарите во НБА клечат, за него тој спорт не постои.

„Не верувам дека на некој му е гајлe ако Трамп не сака да гледа НБА“, изјави Редик. 

Голем дел од спортските „ѕвезди“ во Соединетите Американски Држави отворено се против Трамп бидејќи не даде никаква поддршка околу борбата против расизамот и движењето „Black lives matter“.


Сподели