Позицијата на Демократскиот фронт е јасна и колку што ние ќе можеме да влијаеме, ќе го поништиме признавањето на Косово, рече Небојша Медојевиќ.

Сега имаме поширока коалиција и не можам да зборувам во името на сите. Но, што се однесува до Демократскиот Фронт и Движењето за промени, иако јас лично сум претставник на прозападна политичка организација, јас апсолутно сум за повлекување на одлуката за признавање на Косово, бидејќи тоа беше најголемата срамота на Црна Гора, рече лидерот на Движењето за промени и член на коалицијата За иднината на Црна Гора, Небојша Медојевиќ.

Медојевиќ смета дека прашањето за Косово треба да биде приоритет и дека албанското прашање треба да се отвори во Црна Гора.

Лидерот на Движењето за промени рече дека одлуката на Владата на Црна Гора да го признае Косово е против виталните интереси на државата, затоа што Црна Гора треба да има сојузнички односи со Србија, кога на Србија и е тешко да и помогнеме.

Тоа се две различни земји, но историјата и реалниот интерес не упатуваат да имаме сојузнички однос со Србија. Јас кога би ја водел таа влада, мојата прва работа ќе биде да се договорам со владата на Србија за повеќе меѓудржавни договори, би ги укинал границите, компаниите од Србија ќе имаат ист третман како компаниите во Црна Гора. Јас би овозможил двојно државјанство. Црна Гора не смее да направи никаков потег спротивен на интересите на Србија, јасно рече Медојевиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *