Актерот Патрик Свејзи важеше за еден од најголемите заводници на осумдесетитте години, а најзначајна улога веројатно му беше онаа во филмот Валканиот танц. Патрик почина во 2009 година на 58-годишна возраст, и неговото патување низ животот не беше секогаш лесно.

Сакаше балет и танцуваше од дете, а откако го повреди коленото и мораше да се оперира, сфати дека повеќе нема да може да го направи тоа. Потоа реши да стане актер.

Неговата прва улога беше во филмот „Валканиот танц“ во 1987 година, а во 1994 година падна во криза откако сестра му се самоуби и му се предаде на алкохол.

Неколку пати беше на рехабилитација, но секогаш се враќаше на порокот. Кога се разболе, ја криеше својата дијагноза долго време, а медиумите на крајот дојдоа до информација дека актерот е болен и дека му остануваат само уште неколку недели од животот.

Откако почина, беа откриени многу лоши детали од неговата борба со тешката болест ( рак на панкреасот ). Како што раскажуваат неговите пријатели за странските медиуми, неговата сопруга се однесувала многу лошо кон Патрик, го држела како затвореник на ранчот и спречувала некој да дојде да го посети.

Таа го игнорираше веднаш откако неговиот брат Дон, ќе си заминеше. Таа не беше дома со часови, а кога ќе дојдеше дојде Дон, тој го наоѓаше Патрик во измет и урина.

Кога Патрик и Лиза ќе се скарале, таа му удрила шлаканица и го гребала, изјавиле неговите пријатели, тврдејќи дека таа наводно го изневерила Патрик, но и дека врската не функционирала дури и пред смртта на Патрик бидејќи Лиза наводно се обидела да наметне целосна контрола врз него, пренесува Еспресо.

Се пишуваше дека Лиза го донеча во состојба да тежи само 40 килограми, и дека дурии им забранувала на неговата мајка и пријателите да го посетат.

Семејството на Патрик, исто така, беше повредено и луто поради фактот што Лиза ги продаде сите сувенири од неговите филмски сетови, вклучувајќи ја и кожената јакна од Валканиот танц. Роднината на Патрик, Даниела Свејзи, како што беше напишано, тогаш покрена петиција со цел да зачува некои од тие семејни вредни работи.