Нејмар прави се за неговиоте соиграчи да имаат „квалитетно поминато време“ на забавите кои ги организира. Тој пред неколку дена ги собра фудбалерите на Пари Сен Жермен во Сен Тропе по официјалното откажување на сезоната во францускиот шампионат, но и натаму уште се раскажува за роденденската забава што ја направи во февруари. Детали за оваа забава позната како „сите во бело“ раскажува Андер Херера.

Тој објаснува дека фудбалерите биле поделени во две групи. За оние кои се женети забавата била на највисокиот кат од вилата додека оние кои немаат сопруги биле во приземјето и таму всушност била „добрата забава“. Тој потврдува дека на забавата на најдолниот кат имало организирано и женско друштво.

„Жена ми не ме пушташе да одам ниту во тоалет, ниту на долниот спрат“ – раскажува Шпанецот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *