Македонските државјани, најрано до крајот на август, нема да може да патуваат во земјите од Европската Унија.

Оценката на амбасадорите е дека епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша поради што само се потврди претходната одлука.

Како што јави српската агенција Танјуг, амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на држави на кои им е дозволено патување во Унијата, врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“.

Агенцијата се повикува на дипломатски извори од Брисел, кои, како што се наведува, потврдуваат дека на листата на безбедни земји ги нема земјите од Западен Балкан.


Напишете коментар