Гаги Џогани беше фатен со недозволени супстанции пред неколку месеци, по што заврши во притвор. Денсер откри како се одвива оваа судска постапка.

  • Јас сум сеуште во судски процес, овој месец треба да заврши, да добијам казна. Ме уапсија за прв пат во мојот живот и бев само трауматизиран. Не се спротивставив, ниту се обидов да го сокријам или фрлам. Бев крив, го направив тоа, треба да бидам казнет – рече Гаги.

Покрај тоа, Џогани додаде дека е убеден дека нема да подлегне на притисокот повторно да посегне по забранети супстанции, бидејќи бременоста на Луна му донесе ново светло на животот.

  • Повеќе не ми паѓа на памет да се вратам на пороците, јас сум нов човек, заради себе, децата и внуците што доаѓаат! – заклучи тој со насмевка.