Веќе неколку недели, да не речеме неколку месеци, македонската опозиција бара да биде формирана влада на национален спас. Всушност час бара влада на национален спас, а час бара предвремени избори.

Така Потпретседателот, на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервјуто на Сител Телевизија побара да биде формирана влада на национален спас. А Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, на промоцијата на коалицијата со Алијанса на Албанците и Алтернатива на Африм Гаши, побара предвремени избори, иако неколку дена подоцна најави бојкот на локалните избори во Штип поради корона пандемијата.

Минатата година после неуспехот и француското НЕ, премиерот Зоран Заев поднесе оставка и побара да се оди на предвремени избори во декември 2019 година. Мицкоски не прифати избори во декември и предвремените избори се случија на 15 јули годинава. На изборите победи СДСМ и ја формираше новата влада, иако Мицкоски и сега го убедува членството дека тој е победник на изборите.

По бугарското вето во вторнкот опозицијата бараше оставка на Заев и повторување на ланското сценарио. Затоа и беше создавана таква хистерија во опозициските медиуми и опозициската јавност.

Меѓутоа, во интервјуто на ТВ 21 Заев ја отфрли можноста да поднесе оставка и рече дека народот стои зад европската траекторија и дека сите институции на државата, вклучително или на прво место со претседателот и владата, му служат на народот на тој пат.

Денес од владата брифираа: Ние сме сигурни во тоа кои сме и што сме. Од секогаш сме биле Македонци коишто зборуваат македонски јазик, со силно чувство на самоопределување околу кое не може да се преговара и кое не може да биде доведено во прашање.

Тоа е позицијата на државниот врв во однос на бугарското вето.

Значи сега засега нема оставка на Заев и нема влада на национален спас!