Убиството на водечкиот ирански нуклеарен физичар Мохсен Фаризаде е извршено со далечински управувач преку митралез кој бил опремен со сателитска контрола, изјави денеска официјален претставник на револуционерната гарда, а пренесува агенцијата Тасним.

Иран го обвини Израел за убиството на Фаризаде, кој, според Западот, бил клучна фигура во иранската програма за развој на атомска бомба. Техеран долго време негираше дека има такви амбиции.

Израел ниту потврди ниту негираше дека е одговорен за атентатот, но во минатото призна дека спроведувал тајни разузнавачки операции во врска со иранската нуклеарна програма.

  • Немаше терористи на теренот. Маченикот, Фарихзаде, возел во моментот кога бил зумиран со оружје опремено со напредна камера. Митралезот го контролираше сателит – рече Али Фадави, заменик командант на иранската револуционерна гарда.

Властите претходно соопштија дека „имаат трага од убијците“, но досега не е објавено дека имало апсења.