Дека ниту британското кралство семејство не е имуно на повремени грешки на социјалните мрежи е доказ денешниот „твит“ на кралицата Елизабета Втора.

На официјалниот профил на Твитер на Кралицата Елизабета и членовите на нејзиното кралско семјество, денеска се појави необична објава. Постот беше активен само шест минути пред да биде избришан. Сепак, привлече големо внимание пред да исчезне.

И покрај тоа што некој брзо ја сфатил грешката и го избришал твитот, кратка, но необичната порака доби 1,260 лајкови и беше споделена 591 пати.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи го разбраа овој твит како некое кралско признание, дури и ако тоа беше случајно.

„Па, беше крајно време и јас да добијам некакво признание“, беше еден од коментарите.

Шегите продолжија на сметка на постот на кралското семејство.