Медиумски проектираниот нов американски претседател Џо Бајден ќе биде информиран од експерти за национална безбедност следната недела за моменталната состојба во земјата, изјави денес Џен Псаки, член на транзициониот тим на Бајден.

Таа додаде дека празниот простор што се појави заради доцнењето со трансферот на власта „може да претставува безбедносен ризик за Америка“, објави Ројтерс.

Тимот на Бајден се обидува да издејствува преземање на власта, иако Доналд Трамп одби да признае дека ги загуби претседателските избори на 3 ноември.

Псаки рече дека фактот што Бајден не добива разузнавачки информации може да му наштети на избраниот претседател кога тој ќе започне да ја извршува својата функција.

Поминаа седум дена, но како што поминува секој ден, стануваме се позагрижени, бидејќи нашата безбедносна мрежа и претседателот немаат пристап до податоците за нашите ангажмани низ целиот свет – додаде Псаки.