Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека не само што Косово ќе го признае Израел, туку и ќе ја отвори својата амбасада во Ерусалим, со што ќе стане првата земја со мнозинство муслиманско население што ќе го стори тоа.

Претходно, Србија објави дека ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим, потсетуваат израелските медиуми, истакнувајќи дека овие потези се дел од дискусиите за нормализирање на економските односи меѓу Србија и Косово под покровителство на САД.

Нетанјаху ги пофали потезите и рече дека Израел ќе воспостави дипломатски односи со Косово.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се вели дека за време на разговорите меѓу косовскиот премиер Абдула Хоти и Доналд Трамп, американскиот претседател го повикал Нетанјаху и им честитал на двајцата лидери за воспоставување целосни дипломатски односи.

Во соопштението се наведува дека Хоти најавил дека Косово ќе отвори амбасада во Ерусалим.

Косово ќе биде првата земја со мнозинско муслиманско население што отвори амбасада во Ерусалим. Како што реков, кругот на мирот се шири и се очекува да се приклучат повеќе земји, рече израелскиот лидер.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти му одговори на Нетанјаху преку Твитер.

Ви благодарам, господине Нетанјаху. Мојата влада е посветена на отворање амбасада во Ерусалим и воспоставување дипломатски односи и подлабоки билатерални врски, рече Хоти.

Потсетуваме дека договорот ја обврзува и Србија да отвори амбасада во Ерусалим и дека Израел ќе го признае Косово како независна држава.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *