Неверојатен момент се случи на фудбалски натпревар на Малта.

Играа Ст. Ендрјус и Марса и нивниот дуел немаше да добие големо внимание ако не беше моментот од 62. минута од натпреварот. Во таа минута гостите имаа пенал, а снема струја токму во моментот кога топката одеше кон голот. Натпреварот поради техничкиот проблем се прекина и не е познато дали овој пенал ќе биде повторен.