Кинескиот ровер Журонг испрати серија нови фотографии од Марс, вклучително и „селфи“.

Роверот, кој слета во мај, ја постави безжичната камера на земја и потоа се сврте малку назад за да го овековечи моментот.


Десно од Журонг се наоѓа платформа со ракетен погон со која ова возило со шест тркала успешно слета на Марс.

Кинески знамиња се прикажани и на роботот и на платформата, пишува Би-Би-Си.

Платформата може да се види на друга фотографија направена од роверот.

Може да се забележи и рампата преку која Журонг мораше да се спушти за да стигне до површината, како и трагите што ги остави во прашината при вртење.

Третата фотографија го прикажува хоризонтот што се гледа од местото за слетување.

Овој регион е познат како Утопија Планитија – огромен пејзаж на северната хемисфера на Марс.

Сите слики ги објави Кинеската вселенска агенција на церемонијата како дел од успехот на мисијата Ровер.

Утопија Планитија е колосален слив долг повеќе од 3.000 километри, настанат од удар.

Научниците се надеваат дека Журонг ќе одлежи најмалку 90 дена на Марс.

Роботот е многу сличен на возилата на Американската вселенска агенција (НАСА) Spirit and Opportunity од 2000-тите, а тежи околу 240 килограми.

Високиот јарбол носи камери што се користат за фотографирање и како помагало за навигација.

Со помош на пет дополнителни инструменти, роботот ќе ја истражува минералогијата на карпите и природата на животната средина, вклучувајќи ги и временските услови.

Како и американските ровери, и Журонг има ласер кој ги сече карпите, поради тестови за хемиска структура, како и радар што бара подземни води.