Независен весник објави анкетата (нарачана од една позната меѓународна организација за изборни системи, која им помага во изборните процеси на младите демократии), која им била презентирана на сите поголеми политички партии преку видео конференциии пред неколку дена, но досега не е јавно објавена.

Според Независен Весник оваа опширна анкета е направена на крајот од мај и почетокот на јуни и истата покажува дека коалицијата на СДСМ и Беса води со четири процентни поени разлика пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во проценти тоа изнесува 20 наспроти 16 отсто.

Во албанскиот блок за прв пат како фаворит се појавува коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива пред ДУИ. Според анкетата АА+А би освоиле 6,2 отсто, а ДУИ е веднаш зад нив со 5,9 отсто.

Оваа анкета е направена во периодот од 30 мај до 4 јуни на примерок од 1.111 испитаници. Поради кризата со корона вирусот анкетата е правена телефонски, а маргината на грешка е +/-2,94 проценти.

Дали резултатите од оваа анкета се причина за однесувањето на ДУИ последните неколку дена? Прво излегоа со предлог Албанец да биде новиот премиер по изборите, а истото тоа беше гарнирано и со јавно конфронтирање на претставници на ДУИ и СДСМ, по што лидер на СДСМ, Зоран Заев јавно да порача дека е добро по 17 години ДУИ да оди во опозиција.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *