Анонимни хакери ги објавија личните податоци на околу 1.000 белоруски полицајци револтирани од нивните постапки за време на едно месечните демонстрациите откако Александар Лукашенко беше реизбран за претседател.


Како што апсењата ќе продолжуваат, ние ќе објавуваме податоци во голем број. Никој нема да остане анонимен дури и ако е под фантомка – се наведува во објавата објавена од „Next live”.
Владата соопшти дека ќе ги пронајде и казни одговорните за истекувањето на податоците, што се појавија синоќа на апликацијата за пораки „Телеграм“.


Силите, средствата и технологиите што ги има Министерството за внатрешни работи овозможуваат идентификување и обработка на мнозинството одговорни за протекување информации на Интернет – рече Олга Чемоданова, портпарол на Министерството за внатрешни работи.


Илјадници луѓе беа приведени за време на масовни протести и штрајкови.
Поголем дел од полицијајците носат фантомки и така ги кријат своите лица, сепак, некои демонстранти физички им ги симнаа маските од лицата на припадниците на безбедносните сили.
Владата соопшти дека биле приведени 390 жени, од кои повеќето веќе биле ослободени.