Пред австрискиот граничен премин Никелсдорф, кон Унгарија, во 11 часот колоната автомобили што чекаат да ја преминат границата е подолга од 20 километри.

На тој премин сега чекаат повеќе од четири часа за да влезат во Унгарија, јавува дописникот на Танјуг од Австрија.

Австриските власти преку радио апелираат до патниците да не се обидуваат да преминуваат на други гранични премини, бидејќи тие, поради епидемиолошки мерки, се отворени само за унгарски граѓани.

И на граничниот премин Шпилхелд, кон Словенија, исто така, чека повеќе од три часа.

Пред граничниот премин Субен, од правец на Германија, колоната автомобили што чекаа да влезат во Австрија достигна должина поголема од 10 километри.

На сите премини сообраќајот постојано се зголемува, а зголемена е и фреквенцијата на сообраќај на патиштата што водат кон југ и исток од Австрија.