Откако исламските гробишта во виенскиот кварт Лиесинг одбија да го закопаат напаѓачот кој уби четири лица во Виена минатата недела, исламската заедница Ворарлберг во Алтах исто така одби тој да биде погребан на нивните гробишта.

Очајна е мајката на Кујтим Фејзулаи: Каде згрешив? – Kurir.mk

Гробиштата Алтах се гробишта за муслиманите кои во моментот на смртта имале пребивалиште во Ворарлберг, рече денес Маркус Гизингер, градоначалник на Алтах.

Сè уште не е познато каде ќе биде погребан Кујтим Фејзулаи. Можно е тој на крајот да биде погребан во Македонија, од каде потекнуваат некои членови на неговото семејство, пишува Кронен цајтунг.

Муслиманските гробишта Алтах беа отворени во 2012 година и имаат место за околу 700 гробови. Дизајнирани се од архитектот Бернардо Бадер, а со гробиштата управува општината Алтах.

Да потсетиме, Кујтим Фејзулаи (20) во терористичкиот напад во Виена на 2 ноември уби четири лица пред да биде и самиот убиен од австриската полиција. Тој рани уште 23 лица за време на пукање во центарот на градот.

Кујтим Фејзулаи со потекло од тетовски Челопек е терористот од Виена во чиј  напад загинаа 4-ца граѓани по улиците на австрискиот главен град -  telma.com.mk

Словачката полиција минатата недела објави дека властите во Братислава ја предупредиле Австрија за напаѓачот откако тој се обидел да купи муниција во таа земја.

Словачката полиција летово беше информирана дека сомнителни лица од Австрија се обидуваат да купат муниција во Словачка. Сепак, тие не успеаја да го направат купувањето, објави на Фејсбук словачката полициска администрација во Братислава. Таа исто така изјави дека извештајот веднаш бил проследен до австриската полиција.