Според нон пејперот на Јанез Јанша, кој според словенечкиот портал Нецензурирано бил пишуван во Будимпешта, се предвидува враќање на Никола Груевски од Будимпешта во Македонија. Во тој документ од кој сега сите се оградуваат, се предвидува спојување на делови на западна Македонија со Албанија и враќање на Груевски од егзил.

Всушност тоа е таа стара идеа на Љубчо Георгиевски за размена на територии од 2001 година. Груевски како тогашен министер за финансии и како иден лидер на ВМРО ДПМНЕ никогаш не се дистанцираше од таа идеа на Георгиевски.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov. Целата емисијата можете да ја погледате на следниот линк:

Суштината на нон пејперот е дека ако не беа Албанците и т.н. Тиранска платформа Никола Груевски ќе беше се уште на власт во Македонија. Затоа сега се најавуваат протести за 25 април каде ќе се бара ослободување од затвор за сите осудени за настаните на 27 април 2017 година.

Во исто време ако Јанез Јанша и Виктор Орбан сакаат да го враќаат Никола Груевски на бел коњ во Македонија, драги Рашковски е сменет од функцијата во владата поради џип од 200 коња.