Откако на предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на Ристо Новачевски, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, заради сомнение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, со коментар на фејсбук се јави Никола Груевски:

Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви изјави против мене.

Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта.

Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици, напиша Груевски.

Инаку за еден милион и 300 илјади евра се сомничи екс премиерот и председател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој во периодот од 2006 до 2012 година, партиските пари од донации наместо да ги става во касата на партијата ги ставал на сметки на оф шор компании. Сега се сомничи дека од тие пари за себе си купил градежна парцела од 11 илјади метри квадратни на Водно.

Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било…

Posted by Nikola Gruevski on Monday, October 19, 2020