Никола Тодоров, поранешниот висок владин и партиски функционер во ВМРО ДПМНЕ, кога на чело на таа партија беше Никола Груевски, вечерва изрази подготвеност да застане на чело на процесот за смена на Христијан Мицкоски.

Во интервјутото за Телевизија Телма, Тодоров изјави дека не бил член на Инцијативниот одбор за Вонреден Конгрес на 28 март, но дека сигурно ќе се појавел на Конгресот бидејќи смета дека е дојдено време за смена на Мицкоски.

Долго време не разговаравме со Сашо Мијалков, вели Тодоров, бидејќи не се согласував со неговиот избор за нов лидер на ВМРО ДПМНЕ, на Конгресот во Валандово, во декември 2017 година, да биде избран Мицкоски. Тогаш мериот коалицијата на Мијалков му ги собираше потписите на делагатите на Мицкоски, но тоа тогаш не му пречеше на Мицкоски, вели Тодоров.

Според Тодоров сега го нема Мијалков и сите кои се за промена на Мицкоски можат да се приклучат на процесите за промени на чело на партијата, а такви има многу, вели тој.

Според Тодоров за искусен политичар ќе му биде потребно три до четири месеци да ги среди работите во партијата и таа да биде стабилизирана и силна на следните локални избори. Предуслов за тоа, вели Тодоров, е смената да се случи пред летото оваа година.

Од интервјуто можеше да се насети дека Тодоров има амбиции да биде лидер на ВМРО ДПМНЕ и дека сега кога го нема Мијалков дека е тој подготвен да застане на чело на иницијативата за смена на Мицкоски.


One thought on “Никола Тодоров сака да биде Мијалков место Сашо: Мора да го смениме Мицкоски за да падне Заев од власт”

Comments are closed.