Познатиот вирусолог Ана Глигиќ смета дека вирусите кои потекнуваат од одредени диви животни и единствениот летечки цицач ( љиљакот ) е тешко да се изучуваат, а уште потешко да се искоренат.

Таа смета дека е многу важно кој е првобитниот пренесувач на вирусот, кое животно. Истражувањето кое тоа го испитува трае со години, тоа е долг процес кој трае две, три, четири години. За две години, се детално ќе се знае за овој вирус, вели Глигиќ.

Јас очекував дека ќе има проекти што ќе истражуваат сè што нè опкружува. Треба да ги испитаме сите овие различни видови на корона, кои се тие и што можат да предизвикаат кај луѓето. Но, тоа е долг процес кој трае со години, и се прави според проект, вели таа.

Јас водев четири меѓународни проекти со лабораторијата од Атланта, Армијата на САД и Кореја и тестиравме разни вируси. Докажавме дека глувчешката треска има четири видови и сето тоа зависи од тоа каков вид глушец ја пренел на луѓето.

На пример, ако е од полско глувче, смртноста кај луѓето е 16 проценти, а ако е од стаорци, тогаш е 1 процент. Тоа се разлики во клиничката слика, бидејќи зависи од тоа од кој домаќин во природата короната поминала на човекот. Од љиљакот сега премина на домашните животни, затоа цела фарма со мисирки беше уништена затоа што короната ги нападна.

Се појавија интересни статии за мачките кои носат корона вирус. Имено, интересно е што мачките, како што вели, може да бидат имуни на вирусот корона. Ваквите студии се многу тешки за истражување,а уште потешки за докажување.

Според неа, ако имавме некој проект, ќе ги испитавме сите оние животни со кои ќе стапиме во контакт, и ќе видевме какви видови корони носат и што можат да им направат на луѓето.

Тие сигурно ќе откријат за една или две години. Постојат написи кои велат дека нема ниту еден болен човек кој чува домашна мачка во станот. Никој не се разболел кој има мачки! Значи, мачкината корона дава имунитет дури и против овој вид на вирус на короната што сега кружи. Значи, се треба да се испита и да се докаже, вели таа.