Кoнечно после долго време стигнаа најави дека Нокиа ќе се врати на пазарот со мобилни телефони. Лидерот во раните 2000-ти кој направи револуција во почетоците со можеби најубавите дизајни на телефони сега најави нов телефон.

Nokia 10 PureView е моделот кој се најавува како наследник на Nokia 9 PureView кој беше претставен пред 2 години. Овој смартфон на Nokia се очекува да има рамка од нерѓосувачки челик, Sapphire glass дисплеј, како и  Snapdragon 875 чипсет, што Qualcomm ќе го претстави на почетокот на декември.

Nokia 10 PureView би требало да поддржува и PureView камери со Zeiss оптика, но не е познат конкретниот број на камери што ќе се најдат на телефонот.

Поминаа 20 месеци откако е претставен телефонот (на фотографијата), а неговиот наследник се уште не е објавен. Најновите извештаи сугерираат дека тоа сепак би можело да се случи наскоро.

Се очекува овој телефон да пристигне во текот на втората половина на 2021. година.