Бурна, пребурна беше македонската 1991 година, годината на референдумот за независност. Социјалистичка Република Македонија се делеше од СФР Југославија, се создаваше новата, целосно независна, суверена држава. Истовремено се удираа темелите на новиот општествен поредок и на функционирањето на посебните национални институции.

Се направи вистински историски пресврт. Не само идеолошки, од еднопартизам во плурализам, туку и државотворен, животен, егзистенцијален. Од комунизам и социјализам македонските граѓани директно влегоа во капитализам, во болна транзиција и приватизација. Полни со надеж во подоброто утре, од една страна, и со страв што носи новото време, од друга. Оправдани чувства и кај едните и кај другите.

Утре славиме 29 години од независноста со измешани чуства, среќни дека таа 1991 година добивме конечно независна македонска држава, а во исто време со чуство на горчина се прашуваме дали бевме доволно добри синови и ќерки на таа држава и зошто дозволивме во овие 29 години да ни се случува се што ни се случуваше.

Во овие две видеа можете да видите кој пат мораше да го помине Македонија за стана независна држава и за сите валкани игри што ја следеа на тој пат.

Неспоредлива е надежта со која се боревме таа 1991 година за независноста и целиот процес кој следеше по референдумот во 2018 година кој заврши со промена на името. Денес по три децении од нашата независност се повеќе граѓани се прашуваат дали сме сведоци на нашето самоуништување!? Македонија секогаш го бирала потешкиот пат, но преку овој трнлив пат се поминува со многу жртви и изгубени надежи.

Остана само вистинските Македонци да се се сеќаваат и жалат за пропуштената шанса да имаме држава за каква што се бореле нашите предци и со која тие би се гордееле. Таа ронка надеж ќе остане секогаш во нас, но мораме да живееме во реалноста која што се повеќе не разочарува .


Напишете коментар