Митрополитот на Кипарската православна црква, Неофрит, предвидува дека новата 2021 година ќе ја одбележат природни непогоди и граѓански војни, пишува „Ромфеја“.

Митрополитот верува дека во 2021 година ќе се случат геофизички појави и граѓански војни, кои, според него, „веќе започнале во Америка и другите земји“.

Претходно тој рече дека на новиот светски поредок му се потребни атеистички и антихристијански држави.

Тој предходно се пожали дека не може да се освети водата зад затворените врати на храмот (како што е пропишано од властите поради пандемијата), додека бројот на верници присутни во храмовите е ограничен.

Нашата држава сега ни кажува: разберете бискупи, свештеници и христијани, отсега јас сакам да бидам атеист. Тоа го диктира новиот светски поредок, рече митрополитот.