Грција објави дека во последните 24 часа во државата има нови 121 жртва од коронавирус. Тоа е нов црн рекорд на умрени од корона во текот на еден ден од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

Болниците во северниот дел на земјата се најдоа под силен притисок со пополнување на кревети во единиците за интензивна нега со пациенти со Ковид-19.

Бројот на ново заразените е 1.747, со што вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата достигна 103.034. Во истиот период вкупно починале 2.223 лица.

Премиерот Киријакос Мицотакис повика да не се одржуваат големи собири за време на Божиќните празници за да се минимизира ризикот од ширење на вирусот.

Оваа година ќе имаме поинаков Божиќ, во многу поограничен состав, со нашите семејства, со луѓето што ги сакаме, можеби со едно друго семејство, рече Мицотакис за време на посетата на една болница во Солун.

Инаку, грчката влада ќе одреди максимална цена за молекуларните ПЦР и брзи антигени тестови спроведени во приватни клиники и лаборатории, рече генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стампулидис.

Границата на лимитираните цени за тест за ПЦР ќе биде утврдена на 40 евра, а за брзите тестови на 10 евра, им рече тој на новинарите на редовниот брифинг за пандемијата.