Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.

Земјотресот беше почувствуван во регионот на Петриња и неговата околина. Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, пишува Индекс.хр. Сеизмолошкиот институт објави дека земјотресот бил со сила од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

„Утрово, на 4 декември 2021 година, во 7 часот и 49 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар кај Петриња, кој се почувствува во централна Хрватска“, соопштија од сеизмолошката служба.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на длабочина од пет километри, на 43 километри југоисточно од Загреб.

Официјалните информации за јачината на земјотресот сè уште се чекаат.

Земјотресот се случи за време на емисијата „Во мрежата на првиот“, во која гостин по телефон беше и заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ. Таа прва го почувствува шокот. „Еве го повторно“, извика таа околу 7.50 часот, а после тоа се почувствува земјотресот во студиото во Загреб.

Ноќта не помина мирно за жителите на Петриња, Сисак, Глина и околината, бидејќи нов земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во 04,20 часот, пишува Индекс.хр.

Како што објавија од хрватската сеизмолошка служба, сеизмолозите забележале прилично силен земјотрес со епицентар на два километри северо-источно од Петриња.

Јачината на земјотресот беше 3,5 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше IV-V степени според ЕМС скалата, се вели во соопштението.

Земјотресот се почувствува низ цела централна Хрватска, вклучително и Словенија.