Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, според протоколот се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. 

Оние кои се позитивни, остануваат 14 дена, а за оние коишто се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една недела во карантин, по што се повторува тестот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *