Русија ја признава легитимноста на претседателските избори во Белорусија, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Како што објасни, белоруските власти ги поканија набљудувачите на ОБСЕ да учествуваат во контролата на изборниот процес, така што нема смисла да се сомневаме во резултатите.

Тоа нè наведува да мислиме дека ставот за резултатите од изборите во Белорусија бил веќе однапред дефиниран. Токму затоа некој би можел да се сомнева во резултатите, но јас ги имам сите основи да се сомневам дека оние кои се сомневаат во резултатите не се апсолутно искрени, рече Путин во интервјуто за телевизијата Русија 1.

Токму затоа, изјави рускиот претседател, Русија смета дека изборите во Белорусија се валидни.

Јас тоа го направив веднаш, ги признав изборите за валидни. Како што знаете, веднаш му честитав на Александар Лукашенко за неговата победа. Тоа е сè, додаде Путин.

Претходно, Путин во интервју за телевизијата Русија 24 рече дека има „селективност во проценките на странските партнери во врска со ситуацијата во Белорусија“, што сугерира дека тоа е сторено со цел да се влијае на настаните во оваа земја.

Тие сакаат да влијаат на овие процеси и да постигнат некои решенија што им одговараат на нивните политички и државни интереси, посочи тој.


Напишете коментар