Вечерва македонската полиција во Гостивар приведе дилер од Албанија и заплени над два килограми марихуана.

Апсењето се случило на улицата Боге Вељановски, а повеќе детали очекуваме од МВР.

Ова е нова заплена на марихуана по вчерашната во неготинско село, а ваквите акции станаа скоро секојдневни во последните два месеци.