Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков беше осуден на 18 годишна затворска казна поради настаните поврзани со 27 април. Во едно интервју за национална телевизија, сегашниот шеф на државата, Стево Пендаровски изјави дека од една амбасада се врши лобирање Чавков да биде амнестиран поради тие случувања. Пендаровски не кажа за која амбасада станува збор.

Според информациите кои беа објавени во вчерашната емисија Во Центар, станува збор за структури блиски на француската амбасада. Од кабинетот на шефот на државата не ја потврдија ниту пак ја демантираа оваа информација. Но нашите извори велат дека лица од амбасадата лобирале за Чавков.

Поранешниот француски амбасадор во Македонија, г. Тимоние имаше блиски релации со македонската опозиција а во еден временски период тој се имаше промовирано како протеже на опозицијата и бранење на нивните позиции во дипломатскиот кор во Скопје. Очигледно таа француска врска продолжува и денес.

За амнестијата на Чавков станало збор и на средбата меѓу Пендаровски и лидерот на опозицијата, Хрустијан Мицкоски.

Делот на разузнавачкото и политичко подземје во Македонијае со сите сили настојуваат Чавков да биде амнестиран. Од што толку се плашат? Од тоа што Чавков го знае или од тоа што Чавков може да го каже!?