Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата информираше за новите финансиски мерки како поддршка за граѓаните на Македонија.

Како што истакна Бесими, ќе се овозможи голем број од работниците да ги зачуваат своите работни места и ќе има дополнителни 70 милиони евра за зајакнување на економијата.

Ќе следи и поддршка за граѓаните во износ од 6.000 денари и помош за работодавачите за исплата на плати на работниците за месеците октомври, ноември и декември. Овие нови финансиски мерки ќе почнат да важат од 1 јануари 2021 година.