Нова брутална провокација доаѓа од официјална Софија. И ако досега тоа се правеше многу подипломатски и преку главните играчи во бугарската влада сега тоа се прави преку пратеници во Европскиот парламент.

Ангел Џамбаски е заменик претседател на партијата ВМРО БНД или тоа е партијата на Красимир Каракачанов. Пред неколку недели беше топ тема во бугарските медиуми бидејќи на протестантите, пред седиштето на партијата на Пиротска број, 10 во центарот на Софија, им фрлал “пиратки” или педарди по нашки, а кога тие сакале да влезат во зградата на партијата ги нападнал со вода од водени топови.

Џамбаски е избран за член на Европскиот парламент во 2014 година, а минатата година е избран за уште еден петтогодишен мандат за член на Европскиот парламент. Во 2004 година е избран за претседател на младите на партијата ВМРО.

Со еден збор тој е член на партијата каде е претседател сегашниот министер за одбрана и вицепремиер на бугарската влада задолжен за сите безбедносни ресори, а тоа е Красимир Каракачанов.

За време на настанот организиран на иницијатива на Партијата на европски конзервативци и реформисти, чиј заменик-претседател е Џамбаски, тој изјави:

“Сите се сеќавате дека една од најголемите фабрики на лажни вести, која е поврзана со Санкт Петербург, се наоѓа во прекрасниот бугарски град Велес. Во моментот започнува таков напад против Бугарија-апсолутно лажните и неточни тези се широко распространети на сите видови социјални мрежи”.

И тука има две многу важни и загрижувачки пораки.

Прво, членот на евроопскиот парламент од редовите на владината коалиција, која е сега на власт во Бугарија, го третира македонскиот град Велес како бугарски град. И тоа е веќе сериозно поминување на црвената линија и има сериозни елементи за територијални претензии на Бугарија кон Република Македонија. И редно е веќе македонското Министерство за надворешни работи со нота да реагира до бугарскатра влада дека таков говор па макат тоа бил од политичари од рангот на Џамбаски е недозволен.

И второ, Џамбаски обвинува земја членка на НАТО дека води војна со лажни вести против друга земја членка на НАТО а центарот на таа војна е во Русија или во рускиот град Санкт Петербург. И дека зад таа војна стои длабоката држава во Македонија.

Тоа се сериозни обвинувања изречени на адреса на Македонија и може да се каже дека е тоа досега најсериозен атак од бугарска страна контра Македонија во периодот на заострувањето на односите меѓу Скопје и Софија што заврши со бугарско вето за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.