Бил Гејтс повторно ја разбранува јавноста со пророчки тези за вирусите. Не за компјутерските вируси од кои основачот на „Мајкрософт“ одамна се откажа, туку „вистинските“ биолошки вируси со кои тој се занимаваше со години и поради што ја подели јавноста. Чудно е како овој компјутерски научник стана лидер на светската наука и портпарол на вирусот кој предупредува на нови болести? Или тој заработува пари на нив!?

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чија фондација придонесе/донираше со 450 милиони долари за глобалниот одговор на коронавирусот, изјави денес дека ситуацијата може да се врати во нормала до пролетта. Следните четири, пет месеци би можеле да бидат критични, смета Гејтс.

Исто така, Бил Гејтс верува дека однесувањето на секоја индивидуа е исклучително важно. Затоа е важно да продолжите да носите маски и да одржувате физичко растојание.

“До пролет, бројот на заразени во САД ќе биде таков што ситуацијата ќе започне драматично да се менува и ќе се вратиме во нормала“, изјави Гејтс за Ен-Би-Си.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина за коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.