Припадниците на Специјалните единици на РОСУ утрово упаднаа во Звечан и Северна Митровица и извршија вооружен напад во кој беше ранет Србинот Сречко Софронијевиќ, а уште десет лица беа повредени.

Зоран Милосављевиќ, научен советник во Институтот за политички студии, зборуваше за овој напад како гостин на телевизијата Курир, а исто така обезбеди и снимки каде припадниците на Специјалните единици на РОСУ можат јасно да се видат од друг агол како ја спроведуваатт целата операција.

Ова е лов на Србите, тоа е повеќе од јасно, а нереакцијата на меѓународните сили им дава можност да прават што сакаат, ситуацијата е опасна, странските војници не го заштитија народот и затоа имаме реакција од српскиот државен врв, но немаме заштита од другата страна – рече Милосављевиќ во емисијата Усијање.

Милосављевиќ, исто така, го изрази своето мислење дека зад овој напад не стои не само Курти.

Зад ова не е само Курти, ова е сеопфатен напад врз Србија, а целта е да се се спречи Србија во својата политика, вели тој.

Покрај Зоран Милосављевиќ, гостин на Усијање беше и Милован Дрецун, претседател на Собраниската комисија за Косово и Метохија, кој посочи дека ваквото однесување на косовската полиција бара итна истрага.

Однесувањето на косовската полиција бара итна истрага, за да се види кој нареди пукање врз народот, за да видиме кој е тој, кој пукал, треба да инсистираме кај посредник во дијалогот, Приштина ќе се спротивстави, но ние мораме да инсистираме, вие не смеете никаде во светот да пукате во невооружени луѓе. Спотиставувањето на насилните дејствија мора да биде високо организирано, а Курти многу вешто ги спроведува акциите, до самата границата и ги навикнувана луѓето дека нивните сили се таму, вели Дрецун.