Групи научници, предводени од Едвард Стил и Чандра Викрамасинг, веруваат дека коронавирусот го донел метеор што експлодирал над кинескиот град Сунџуен, на 11 октомври минатата година. Порталот „Discover magazine“ објавува делови од научни истражувања и теорија според која метеорот, кој бил забележан на 2.000 километри од Вухан, каде што бил регистриран првиот случај на корона вирус, ги ослободил честичките на вирусот.

Професорот Викрамасинг е познат по својата работа на теоријата за панспермија, според која животот во форма на микроби има космичко потекло. Група научници, кои се залагаат за теоријата за космичкото потекло на Ковид-19, веќе објавија 10 труда за вирусот корона.

Викрамасинг е доктор по математика по потекло од Шри Ланка и пензиониран професор на повеќе универзитети, вклучувајќи ги Кембриџ и Кардиф, каде студирал астрономија, математика и математичка физика.

Мислам дека вирусот дојде во облак од прашина од комета што се таложела во стратосферата над Вухан, каде што се случија првите случаи на инфекција. Потоа со стратосферските ветрови се распрсна и пришири до Иран, Италија и други држави во појасот на северната географска ширина. Штом вирусот се спушти на Земјата, тој понатаму се шири преку човечки контакт. Сегашните ограничувања го намалуваат ширењето. Но, врнежите на дожд не можат да се спречат со такви мерки, предупредува Викрамасинг.