Најдобриот тенисер на планетата се зарази од корона вирусот откако престојуваше во друштво на бугарскиот тенисер Григор Димитров.

По тестирањето, беше потврдено дека Новак е позитивен, како и неговата сопруга Јелена, додека децата се негативни.

Во неделата навечер, на половина час пред финалето на Адрија тур во Задар, Димитров објави дека е позитивен на вирусот СОВИД-19, по што финалето меѓу Ѓоковиќ и Рубљов беше откажано.

Дури 22 лица со кои Бугаринот беше во контакт, беа тестирани во неделата вечер, а три резултати беа позитивни – Кристијан Грох, тренерот на Димитров, Марко Паники, фитнес тренерот на Ѓоковиќ и Борна Чориќ, хрватскиот тенисер.

Останатите 19 беа негативни, што индивидуално го потврдија Марин Чилиќ и Саша Зверев, кои играа и во Белград и во Задар, тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ, а тестот на Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак и директорот на Адрија тура, исто така беше негативен.

Новак и Димитров беа во контакт во неколку наврати, бидејќи Адрија турот вклучуваше неколку различни активности. Во Белград, тоа беше фудбал, конференции, се разбира тенис, и конечно во неколку наврати заеднички посетуваа ноќни клубови.


Напишете коментар