По неколку месеци, па дури и години договарање, Новак Ѓоковиќ конечно се запозна со Бисерка Петровиќ, мајката на некогаш најдобриот кошаркар во Југославија, Дражен Петровиќ.

Првично, планот беше Ѓоковиќ да го посети Шибеник, да се запознае со мајката на Дражен, да го посети споменикот на Дражен на Балдекин и станот, односно спомен-просторијата на улицата Прерадовиќева.

Но средбата се оствари по прес конференцијата што се одржа во Задар, пред почетокот на турнејата на Адриа тур во овој град. Така Новак Ѓоковиќ доби можност да се запознае со мајката на Дражен Петровиќ.

Бисерка му подари дрес на Новак со името на Дражен, а Новак и подари еден од своите тениски рекети.

Инаку домаќините во Задар им ставија на располагање на семејството Ѓоковиќ супер луксузна јахта долга 28 метри. Таа има две платформи и на неа може да сместат девет лица во четири луксузно украсени простории. Има џакузи, мек мебел направен од темно скапоцено дрво, па не изненадува што неделното изнајмување на оваа јахта чини 50.000 евра.


Напишете коментар