Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена ја добија битката со коронавирусот, откако денеска ја известија јавноста дека нивните тестови се негативни.

Тие направиле ПЦР тестирање во Белград, кое покажало дека повеќе не се заразени со болеста Ковид-19, која скоро четири месеци го парализира речиси целиот свет. Двајцата немале никакви симптоми, а тестото го направиле по претходен договор со лекарите.

Семејството Ѓоковиќ најверојатно се заразило по контактите со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој настапи на турнирот „Адрија тур“, кој заврши неславно без одигрување на финалниот меч во Задар. Популарниот Ноле, кој беше организатор на настаните во Србија и Хрватска, за тоа беше нападнат од речиси целата светска јавност, но тоа не го спречи да продолжи со хуманитарната работа со цел да се намали штетата од пандемијата со коронавирусот.

Во склоп на тоа, Ѓоковиќ вчера донира 50.000 евра за болницата во Нови Пазар.


Напишете коментар