Во Велика Британија е откриен нов сој на коронавирусот за кои постои голема загриженост дека би можел да биде многу по заразен од сите останати и да е отпорен на секоја вакцина. Но, освен во Велика Британија, овој сој е забележан и во Русија. Овој сој е формално наречен AY.4.2, а поединци го нарекуваат и како делта плус сој. Здраствените експерти од британската влада порачаа дека е се уште рано да се каже дали овој сој е поопасен од делта сојот. За сега е утврдено дека 6 отсто од населението на Британија е веќе заразено од овој сој од цело вкупниот број на регистрирани нови случаи.

Вирусите мутираат а тоа се случува и со коронавирусот. Од мутацијата на коронавирусот настанаа неколку нови соеви од кои некој се заразни. Прв таков сој беше алфа сојот кој за прв пат исто така беше регистриран во оваа држава. Поради тоа е наречен и британски сој. Во меѓувреме дојде до мутација и на делта сојот, кој прв пат беше едивентиран во Индија, а поради тоа овој сој е познат и како индиски сој, а е позаразен и по опасен од алфа сојот.

Надлежните во Велика Британија известуваат дека регистрирале сој кој го нарекоа со медицински речник A.Y.4.2. Тие започнаа да го истражуваат, а тоа подразбира анализа на протените кои се достапни во вирусот а влегуваат во човечкото тело.

 Забележано е дека се повеќе Британци се заразуваат со делта плус сојот. Поединци размислуваат дека ова ќе го вклучи повторно алармот на власта за воведување на нови рестриктивни мерки со цел да се избегнат лоши и црни сценарија.

 Има големи сомнежи дека ново откриениот сој може да се шири 10 до 15 пати побргу од останатите соеви. Но се уште е прерано да се дојде до овој заклучок. Дневно во оваа држава се регистрираат по неколку десетина илјада ново заразени случаи.

Во рамки на Светската здраствена организација (СЗО), овој сој не го означија како „загрижувачки“ и не е под нивна истрага. Прецизно, овој сој не е означен како сој во кој се имаат случено генетски промени кои можат да ја променат карактеристиката на вирусот, како што е брзината на преносливост од човек на човек. Немаат утврдено дали е позаразен од останатите соеви.

Меѓутоа тоа би можело да се промени доколку се продолжи со подетални истражувања и доколку се земе пример од повеќе заразени личности. Тие дојдоа до заклучок доколку се утврди дека е позаразен од останатите соеви дека би можело значително да влијае на процесот на вакцинацијата.

Експертите сметаат дека е клучно да се следи оваа мутација на коронавирусот и да не се паничи. Директорката на американскиот центар за контрола и первенција од заразни болести, Валенски, изјави дека делта плус случаеви се регистрирани и на територијата на САД, но немаат се уште приметено некои посебни мутации.

Во Израел овој сој е забележан кај 11-годишно дете кои е тестиран на коронавирусот за време на пристигнување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Се уште не е познато дали овој сој е присутен и во останатите држави на стариот контитен или само во Велика Британија и Русија.

Гласноговорниците на британскиот премиер, Борис Џонсон, изјавија дека се уште не е докажано дека овој сој е позаразен од останатите. Властите во Велика Британија не се спремни повторно да воведат нови рестрикции за движење и нови епидемиолошки мерки, и покрај фактот што секојдневно бројката на новозаразени и хоспитализирани се зголемува.

Член на оделот за развој на вакцина на унервезитетот Оксфорд, кој што работеше во креирањето на вакцината АстраЗенека, смета дека овој сој не може да влијае на целата конструкција на коронавирусот, и доколку се случи тоа нема да биде драматично.

Професорот по имунологија на Кралскиот колеџ во Лондон, Дани Алман, истакна дека е потребно да се следи овој сој колку што е можно повеќе. Бидејќи оценува дека овој сој може да биде врвот во мутацијата на коронавирусот.