Првата регистрирана вакцина во светот против вирусот корона беше наречена Спутник 5 по аналогија со лансирањето на првиот вештачки сателит на Земјата во 1957 година, според официјалната веб-страница на вакцината.

Спутник 1 ги интензивираше вселенското истражување низ целиот свет. Новата вакцина на Русија против „ковид 19“ создаде т.н. „Спутник момент“ за светската заедница. Благодарение на оваа споредба, вакцината беше именувана Спутник 5 се наведува во образложението за името на вакцината.

Исто така се додава дека Министерството за здравство на Русија ја регистрирало руската вакцина врз основа на аденовирус на 11 август, и со тоа стана првата регистрирана вакцина против новиот коронарен вирус САРС-СОВ-2 на пазарот.

„Оваа веб-страница е дизајнирана да дистрибуира детални и ажурирани информации за вакцината Спутник 5 и да се бори против кампањата за дезинформација на вакцините, започната во многу меѓународни медиуми“, се додава во соопштението.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека во Русија е регистрирана првата вакцина во светот за превенција на ковид 19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *