Лидерите на новата црногорска влада, која ќе го наследи Мило Ѓукановиќ, по 30 години негово апсолутно владеење, потпишаа договор за принципите на новата влада.

Меѓу најважните точки на договорот, во кој имаше увид Нова.рс, е таа дека владејачката коалиција ќе остане посветена на членството на Црна Гора во НАТО и евроинтеграциите, како и деполитизацијата на клучните институции поради бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Исто така, грбот, знамето и химната на Црна Гора нема да се променат, а повлекувањето на признавањето на Косово нема ни да се разгледува.

Договорот потпишан од Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ исто така предвидува дека нема да има реваншизам кон членовите на поранешната влада и дека сите закони ќе бидат донесени или ревидирани во согласност со европските стандарди.

Партиите на малцинствата ќе имаат понуда да учествуваат во владата.