Шкиприм Арифи, претседател на општина Прешево, тврди дека не се откажуваат од идејата за обединување на прешевската општина со Република Косово.

Претседателот на општина Прешево, Шкиприм Арифи, повторно побара припојување на Прешевската долина кон Република Косово.

„Не се откажуваме од обединувањето со Косово“, рече Арифи во интервју за приштинскиот портал Индекс Интернет.

Ќе ја почитуваме желбата на народот, а тоа е како што сите знаете ПРЕШЕВО да биде дел или да биде во состав на КОСОВО и ништо повеќе . Дали ова ќе биде наскоро, или не, тоа сепак ќе се случи, а вие знаете дека еден ден тоа никој нема да може да го спречи .

Бидете солидарни, сфатете ја реалноста дека Косово е држава која што наскоро ќе биде дел од европското семејство, па затоа однесувајте се со нас нормално, вели тој.