Нешто се случува во Америка? Можеби тоа нема донесе некои промени во изборниот резултат, иако луѓето на Трамп се повеќе веруваат дека таква разврска е можна, но сигурно ќе го компромитираат целиот изборен процес и ќе ја бетонираат таа поделба на двете Америки.

Пред неколку часови актуелниот Претседател на Америка на твитер напиша:

НИЕ ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

И во состав на тој твит тој сподели свое видео.

Исто така во текот на ноќта беше споделено видео од страна на Трамп каде се гледа како неуниформирани лица ги пакуваат гласачките ливчиња кои пристигнале по пошта во црни вреќи.

Во врска со тоа видео Трамп напиша на Твитер: Барате гласачки ливчиња. Зарем до ова дојде нашата држава?

И на крајот доаѓа твитот на еден од водечките американски новинари, Такер Карлсон од Фокс Њуз. Тој најави емисија во која ке бидат откриени нови информации за гласање на мртви луѓе на изборите:

Има нови информации за мртви луѓе кои гласаат на претседателските избори. Ние ќе го истражиме тоа вечерва во 20 часот на #FoxNews

Останува да видиме што ќе се случи. Џо Бајден има убедливо водство и сигурна победа. Добива честитки од целиот свет. Но исто така Бајден и неговиот тим покажуваат голема нестепливост и нервоза.

Што ли се случува зад сцената ќе видиме во наредните денови.