Авионите од типот Миг 29, кои Белорусија и ги донираше на српската армија, денес пристигнаа на воениот аеродром Батајница.

Станува збор за два ловци Миг 29, кои беа испорачани со авионот Ан-124 Руслан.

Белорусија и подари на Србија четири Миг-29, едносед.

Миговите 29, што Белорусија ги донираше на Србија, беа санирани во белорускиот 558-ти Институт за авијација во градот Барановичи.

Претходно Русија донираше и шест борбени авиони Миг 29 на Србија.

Министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека модернизацијата на Миг 29, што се спроведува во Србија, ќе заврши во јуни, и дека после тоа српската армија ќе има вкупно 14.

Покрај технолошкото подобрување на миговите што се санираат во Србија, најавено е и набавка на модерно оружје. Со завршувањето на оваа работа, по долго време, Србија ќе добие ескадрила од нова генерација, подготвена да го заштити воздушниот простор, но и да соработува со силите на теренот.

Два поправени авиони МИГ-29 пристигнаа во Србија од Белорусија, потврди вечерва српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ.

Тој за РТС објасни дека миговите пристигнати во Србија се расклопуваат бидејќи, како што рече, тие се транспортираат на тој начин, а во следниот период ќе бидат дел од военото воздухопловство,

Тој посочи дека тоа е дел од договорот меѓу Александар Вучиќ и претседателите на Русија, Владимир Путин и Белорусија, Александар Лукашенко и додаде дека благодарение на тие договори, Србија има импресивни воздушни сили.

Денес видовме само дел од тие сили. Можеше да се видат хеликоптерите МИ-35, кои се импресивна сила на нашата земја и армија, а има и МИГ, рече тој и додаде дека работат на модернизација на авионот Орел.

Стефановиќ рече дека користејќи го нашиот Воено-технички институт, Југоимопорт СДПР и други компании, работиме да го искористиме знаењето на нашите експерти за да го подобриме она што го произведува Србија.